Географска Ознака


Кабинет Младеновски

Адреса за Контакт

Пиринска 66

7500 Прилеп, Македонија

Телефон: ++389 78 418 142

Факс:++389 48 418 142

e-mail: mmladenovska@t.mk


Географската ознака е право од индустриската сопственост со кое се регистрираат ознаки на производи дека истите потекнуваат од одредена регија, територија или поединечни место од некоја регија, со специфични карактеристики и квалитетi кои потекнуваат од специфичните природни услови, рељефот, квалитетот на почвата, сончевите часови, начинот на производство или општествени услови од кои зависи начинот на изработка, традиција и тн. Со географска ознака се заштитуваат имиња на производи и тоа: земјоделски, занаетчиски или индустриски. Географска ознака се штити како индустриска сопсвеност за да донесе поголема економска вредност на производите а со цел да се спречи злоупотребата или недозволената употреба на истите. Најчесто постапката е започната од група на луѓе, производители, задруги или асоцијации а во насока на здравата пазарна конкуренција и обичаите на традиционалното работење. Со тоа се придонесува во заедничкиот развој на цел еден регион или рурална област и се поттикнува зачувувањето на специфичните техники и начини на производство кои се уште се негуваат кај еден дел од семејствата кои преферираат традиционален начин на работа.